in

Тивки симптоми на рак кои се појавуваат на ноктите: Доколку ги забележите овие промени, веднаш одете на преглед

Присуството на меланом може да се забележи на плочката на ноктите

Ако едвај чекате да дојдат потоплите денови за да можете да се сончате, веројатно веќе сте запознаени со фактот дека треба почесто да одите на преглед поради потенцијалниот развој на меланом.

Како што пишува „The Sun“ , смртоносниот рак на кожата може да се појави на места каде што многумина не очекуваат.

Колку и да звучи чудно, важно е да ги проверите и вашите нокти , според Американската академија за дерматологија .

Иако ретко се случува ракот на кожата, вклучително и меланом , да се развие под и околу ноктите на рацете и нозете , тоа навистина се случува. Најчесто се јавува кај темна кожа и постари лица.

Оние кои имаат семејна историја на меланом или претходно „заработиле“ некоја повреда на ноктите исто така се изложени на ризик.

Постојат пет знаци на и околу ноктите кои можат да укажуваат на присуство на меланом.

1. Темна лента

Црна или кафена линија на ноктот е еден од знаците кои не треба да се игнорираат. Најверојатно ќе се појави на палецот на доминантната рака, односно на доминантното стапало . Но, промената на бојата може да се појави на кој било прст.

Луѓето кои имаат меланом под ноктите може да живеат во заблуда дека имаат модринка или воопшто да не ја забележат промената. Покрај темната линија, промената може да изгледа и како неправилна пигментација под ноктот.

2. Темна кожа во близина на ноктите

Ако кожата околу вашиот нокт стане темна , тоа може да биде знак за напреднат меланом.

3. Подигнување на ноктите на рацете или нозете

Можеби мислевте дека штотуку сте го забиле палецот на ногата, но лупењето на ноктот или плочата за нокти што се крева од вашиот палец може да биде знак за нешто посериозно.

Кога тоа ќе се случи, вашиот нокт почнува да се одвојува од прстот, а белата граница на врвот на ноктот почнува да се издолжува додека ноктот се крева , објаснува Американското дерматолошка асоцијација.

4. Разделување на ноктите

Здравата плоча за нокти е мазна и сјајна, без брчки. Доколку се случи ноктот да почне да се дели на средина, а тоа да не е резултат на механички ефект (удар, употреба на турпија и сл.), треба да посетите лекар.

Овој вид на промена на ноктот може да биде знак за присуство на меланом.

5. Нерамнини на ноктите

Обрнете внимание ако имате испакнатина или нешто како јазол под ноктот. Оваа промена може да биде придружена со промена на бојата на ноктите.

Меланомот на ноктите често се дијагностицира во понапредна фаза од меланомот на кожата.

Затоа се советува доколку забележите ваква промена веднаш да одите на дерматолог.

Добрата вест е дека меланомот откриен во рана фаза, дури и на ноктите, е излечив во голем процент, според Американското здружение за дерматологија.

Медицинската сестра Лаура Харкер советува дека сите внимаваат и на други, помалку очигледни области како што се линијата на косата, зад ушите, стапалата и рацете.

Д-р Филипа Кеј, општ лекар, за TheSun вели дека е важно да го познавате вашето тело, да ги запознаете вашите бенки и да знаете како изгледаат, бидејќи вака ќе препознаете дали се менуваат.

– Посетете лекар ако забележите дека бенката се менува во бојата, големината, изгледот, но и во сензациите што ги чувствувате, односно ако бенката почне да крвари, чеша или станува болна – потсетува д-р Кеј .

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Тестирајте ја вашата љубов: Шест сигурни знаци дали сте во зрела или незрела врска

Блеснете на работа: Пет корисни трикови за шминкање секое утро