in

Топ 13 совети за незаборавно водење љубов и поголема страст

Романтичниот секс е убав, но нема долго да ве интересира. Пробајте нови работи, поттикнете ја вашата страст. Не дозволувајте се’ секогаш да биде исто, вели експертот за „тие нешта“.

  1. Движете се, менувајте ги позите
    Преземете ја контролата, немојте само да лежите и да чекате. Променете ги позите, движете се, не се воздржувајте. Ќе почувствувате наплив на сексуална енергија во вас.
  2. Пробајте нови работи Романтичниот секс е убав, но нема долго да ве интересира. Пробајте нови работи, поттикнете ја вашата страст. Не дозволувајте се секогаш да биде исто, вели Кокс. Овој детал ќе го подигне сексот на сосема ново ниво, малку како во еротските филмови. Ќе се чувствувате посекси, а вашиот партнер сигурно ќе биде повозбуден.
  3.  Планирајте водење љубов Ако сте многу зафатени или имате мали деца, планирањето секс често е единствениот начин да го остварите тоа.
  4. Секс играчките помагаат Изберете сексуално помагало што ќе ве задоволи и двајцата и пробајте го. Да речеме, врзување комплети, костими…
  5. Организирајте „непослушен викенд” И тоа на секои шест недели. Експертите велат дека поминувањето време заедно лекува до 90 проценти од врските кои паднале во рутина и магијата е изгубена. Доволна е и евтина хотелска соба недалеку од вашиот дом, доколку е нешто ново и различно.
  6. Не правете го тоа предвидливо Не го завршувајте сексот таму каде што сте започнале и следниот пат не правете го истото како минатиот пат, бидете помалку непредвидливи. На пример, ако сте почнале во мисионерска позиција, завршете со неа на врвот. Или, на пример, ако последен пат сте воделе љубов на креветот, вторпат префрлете се на каучот.
  7. Бидете реални во вашите очекувања
    Не очекувајте секој пат вашиот секс да биде фантастичен, не е ничиј. Како и во сè, така и во овој аспект од животот има подеми и падови. Значи, ако минатиот пат беше супер, следниот пат не го очекувајте истото, за да не се разочарате.
  8. Пробајте се и сешто Ако вашиот партнер сака нешто, обидете се, дајте ѝ шанса на таа идеја. Можеби нема да ви се допадне и нема да го повторите тоа, но можеби само ќе откриете нешто фантастично што ќе го доведе вашиот сексуален живот на сосема ново ниво на задоволство.
  9. Запомнете, сексот започнува во главата
    Ова значи дека треба да бидете сигурни дека вашиот мозок ги стимулира вашите гениталии. Сексуалното задоволство го вклучува мозокот исто како и телото. Во ова голема улога играат разновидноста, фантазиите, играњето улоги, изненадувањето…, објасни овој секс експерт.
  10. Вежбајте ги Кегеловите вежби Станува збор за еден вид вагинални вежби дизајнирани од гинекологот д-р Арнолд Кегел , а помагаат во зајакнувањето на мускулите на дното на карлицата, помагаат во обновувањето на мускулите по породувањето и во лекувањето на инконтиненција. Покрај тоа, тие помагаат да се стесни вагината. Трејси Кокс советува да се држите до една специфична вежба. Најпрво пронајдете го соодветниот мускул кој треба да се зајакне, а тоа ќе го сфатите така што ќе направите движење меѓу нозете како да го прекинувате мокрењето (обидете се да не го стискате стомакот во исто време) Затегнете го тој мускул, држете неколку секунди, а потоа отпуштете го. Започнете со два сета дневно од 25 повторувања. Со текот на времето, зголемете го бројот на повторувања на 50, неколку пати на ден – и затегнете го мускулот подолго.
  11. Водете љубов редовно
    Дури и кога не сте навистина расположени, обидете се да ја разбудите страста и да се посветите еден на друг. Не дозволувајте да помине се повеќе и повеќе време помеѓу интимните состаноци. Најдобрите моменти сигурно ќе одговараат на вашето тело, советува Кокс.
  12. Не престанувајте да се расправате Паровите кои постојано се караат и расправаат всушност покажуваат дека се уште се грижат еден за друг, инаку не би се расправале толку многу. Ако се страсни во расправија, веројатно се и во кревет. Малку напнатост во врската е добро за вашиот сексуален живот. Овој експерт вели дека треба да бидете загрижени кога таквите парови ќе престанат да се караат, тоа покажува дека изгубиле надеж и можеби дури и се откажале од врската.
  13. Не верувајте во се што ќе слушнете
    Земете го со резерва, да речеме, фалењето на вашите пријатели за тоа како имаат секс секој ден, па дури и неколку пати на ден – со децении. Трејси Кокс вели дека таквите изјави не можат да бидат вистинити.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Како зимата и студеното време влијаат на сексуалната желба?

Maкедон – чудо од дете: Во конкуреција со 4.000 ученици од цел свет донесе златен медал