Поранешниот болничар Ники Јуркуќ често објавува разни фотографии и видеа со совети за родителите на страницата на Инстаграм Tiny Hearts Education.
Сега, сакајќи да им помогне на сите мајки и татковци, таа објави видео во кое покажува трик како со чаша да се утврди дали исипот на кожата на детето е опасен.
„Доколку детето има треска и осип, притиснете го проѕирното стакло над осипот“, се вели во видеото на кое се демонстрира како да се притисне осипот со обична проѕирна стаклена чаша.
“Доколку осипот не избледи под притисокот на стаклото, тоа може да биде знак дека се работи за нешто посериозно и дека е потребна итна медицинска помош. Овој трик може да спаси животи”, објаснува болничарот Ники во описот.
Инаку, осип кој не исчезнува под притисок, а особено ако е придружен со треска, може да укажува на некои опасни состојби како менингитис или сепса.



GIPHY App Key not set. Please check settings