in

Туристи скокаат од камбанаријата на потопената црква во Маврово!

Во Маврово, необична и потенцијално опасна ситуација привлече внимание на социјалните мрежи, откако туристи беа забележани како се качуваат на камбанаријата на потопената стара црква „Св. Никола“ и оттаму скокаат во езерото.

Облечени во костими за капење, тие ја користеа деловите на црквата кои се над водата за да прават свои скокови, што предизвика бројни реакции на интернет.

Иако за некои ова изгледа како забавна авантура, многумина го критикуваа ваквото однесување поради безбедноста, но и поради непочитување на верскиот и културниот важен објект.

Црквата „Св. Никола“ е еден од најзначајните симболи на Мавровското Езеро. Во зависност од нивото на водата, нејзината камбанарија често се појавува над површината и со години привлекува туристи и фотографи.

Сепак, користењето на овој објект како скокалница поставува сериозни прашања за безбедноста и одговорноста на посетителите.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Сара Климоска во фокусот на Сараево: Македонската актерка со Емили Вотсон на црвениот килим!

Аца Лукас продолжува со турнејата: Настап во Битола на 29 август!