in

Сара Климоска во фокусот на Сараево: Македонската актерка со Емили Вотсон на црвениот килим!

Македонската актерка Сара Климоска беше во центарот на вниманието на 32. Сараевски филмски фестивал, каде што годинава има важна улога како членка на жирито на главната натпреварувачка програма. Оваа програма ја води британската актерка Емили Вотсон, двапати номинирана за Оскар.

Климоска на фестивалот се појави во елегантна бела комбинација, а нејзиното присуство во угледното жиро е дополнително признание за нејзината актерска кариера.

Оваа година, македонската кинематографија е значително претставена во Сараево. Во натпреварувачката програма се наоѓаат филмовите „Скејтањето не е за девојчиња“ на Дина Дума и „17“ на Косара Митиќ, додека „Срам и пари“ на Висар Морина е во категоријата со македонска малцинска копродукција.

Во документарната конкуренција учествува и „Добри луѓе“ на Милчо Манчевски, кој разгледува последиците од трагедијата во Кочани и приказните на преживеаните и луѓето кои им помогнале.

За Климоска, ова е уште едно значајно меѓународно признание. Таа веќе има играно во филмовите „Врба“, „Кајмак“, „You Won’t Be Alone“ и „Housekeeping for Beginners“, а нејзината најнова улога е во „Sister Brother Manhole Cover“ на Манчевски, чие премиерно прикажување е планирано за 2026 година.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Бразилски доктор ги претвора децата во суперхерои пред операција