in

Бразилски доктор ги претвора децата во суперхерои пред операција

Влегувањето во операциона сала често е денес едно од најстрашните искуства за децата. Сепак, бразилскиот оториноларинголог Леандро Гимараеш открил уникатен начин да им помогне да се чувствуваат побезбедно.

Пред да се подложат на операција, децата имаат можност да изберат костими од своите омилени суперхерои. Влегуваат во операционата сала како Бетмен, Супермен, Спајдермен или Вондер Воман.

Докторот ги придружува до операционата сала, а понекогаш дури ги носи во раце, имитирајќи лет во болничките ходници. Овој метод има за цел преку игра и фантазија да ги намали стравовите и напнатоста кај децата.

Неговиот иновативен пристап стана вирален, а видеата со малите „суперхерои“ добија илјадници прегледи и многу позитивни коментари. Гимараеш беше еден од добитниците на WEmbrace Awards во 2025 година, награда која ги промовира иницијативите за хуманост, инклузија и иновации во здравството.

За докторот, најзначајна е реакцијата на децата, бидејќи наместо операцијата да ја запомнат со страв, тој сака да ја паметат како момент на храброст, слично на нивните херојски ликови.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Роби Вилијамс за аутизмот и АДХД: „Мозокот ми функционира на посебен начин“