in

Убиена поранешната девојка на Роналдињо, нејзиниот 4-годишен син е повреден

Салседо била во циркусот со нејзиниот син, а таа била нападната пред него кога напаѓачот и ги побарал чантата и клучевите од автомобилот, но манекенката и водителка одбила да му го даде тоа што го побарал напаѓачот.

Ова било причината да пукаат во неа и во нејзиниот четиригодишен син, по што итно биле пренесени во болница, а како што пишуваат мексиканските медиуми таа жива пристигнала во болница.

Дека Паола им подлегна на повредите потврди и нејзиниот брат Карлос, кој играше и во Европа, во Фиорентина и Ајнтрахт, а има 48 настапи за мексиканската репрезентација.

Според изјавите на сведоците, бандитите ги нападнале од бело комбе. Засега не се знае во каква состојба е нејзиниот четиригодишен син.

Паола во 2020 година доби син со уругвајскиот голман Николас Виконис, а пред девет години беше во кратка врска со Роналдињо, а потоа објави заеднички фотографии на социјалните мрежи, пишува Директно.хр.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Совети за врски каде има барем еден нарцис

Луѓето родени во овој знак се најдобри учители