Пејачката Зорана Миќановиќ раскина со колегата МЦ Стојан, кој е 22 години постар од неа.
Јавноста беше изненадена од веста дека пејачката Зорана Миќаноиќ е во врска со нејзиниот колега МЦ Стојан, кој е 22 години постар од неа.
Парот заедно ја сними дуетската песна „Намерно“, а потоа редовно споделуваа заеднички фотографии на социјалните мрежи. На прославата на 19-тиот роденден на својата партнерка присуствуваше и Марко Стојковиќ, попознат како МЦ Стојан.
Но, музичарот пред неколку дена со пријателите отпатува на Кипар, додека Зорана остана во Србија. Од оваа дестинација МЦ Стојан сподели снимки од плажа, каде ги снимал девојките со кои се забавува.
„Не знам, луѓе, што се случува на Кипар. Зорана, извини, тоа е што е“, вели музичарот во видеото додека ги снимаше девојките, а таа го сподели и накратко напиша:
„Веќе не сме во врска. Благодарам …“

После тоа се огласи и Стојан, кој на приказната напиша дека Зорана не му се јавува на телефон.
„Не знам за што си лута, но во ред. Барем јави се на телефон кога ти звонам“, напиша МЦ Стојан.
И додека на почетокот многумина помислија дека се работи за шега, младата пејачка се огласи и откри дека раскинала со МЦ Стојан, но не сакаше да ги открие деталите.
„Тоа не е шега. Вистина е дека раскинавме. Навистина не би давала детали, едноставно раскинавме“, рече таа и додаде:
„Му посакувам се најдобро!



GIPHY App Key not set. Please check settings