По три распродадени концерти во Белград, Весна Змијанац ќе одржи голем настап во Скопје на 28 ноември, во арената „Борис Трајковски“. Настанот е дел од нејзината турнеја „Golden Tour – 50 години кариера“.
Иако првично беше планирано да се одржи во арената „Јане Сандански“, големиот интерес од публиката наметна преместување на локацијата. Посетителите кои ги купиле билетите за поранешната локација можат да бидат сигурни дека тие остануваат важечки и за новото место.
Весна, која има пет децении успешна музичка кариера, ќе понуди вистински спектакл, исполнет со нејзини најпознати хитови и емоции. Билетите се достапни преку Kupikarta.com, а Скопје се подготвува за незаборавна музичка вечер!


