Босанскохерцеговските рапери Џала Брат и Буба Корели остварија уште еден значаен успех на меѓународната сцена. Нивната песна „Bass“ е вклучена во музичката подлога на новата бразилска серија „The Gift of Deceit“, која е достапна на Нетфликс од 28 октомври.
Оваа информација беше потврдена од нивната издавачка куќа „Империја“, која сподели слика на својот официјален Инстаграм со натпис „Jala i Buba na Netflixu“. Гледачите веднаш започнаа да споделуваат снимки од епизодите каде што се слуша песната. „Bass“ беше објавена во декември 2024 година како дел од албумот „Goat Season: Final Chapter“. Со ова вклучување во бразилската продукција, музиката на балканските уметници добива шанса да допре до поголема меѓународна публика.
Серијата „The Gift of Deceit“, позната под оригиналниот наслов „Dom de Iludir“, вклучува 10 епизоди и дејствието е сместено во Рио де Жанеиро. Приказната се фокусира на Лусија Росети, колекционерка на уметнички дела, која се обидува да најде решение за мистериозната болест на својата ќерка Маира. Во потрагата по помош, таа се обраќа до духовна терапевтка, но наместо спас, станува жртва на измама, што ја открива долгогодишните семејни тајни и сложените односи меѓу две семејства.
Во главните улоги во серијата играат познатите бразилски актерки Мариета Северо, Алис Вегман и Нанда Коста. За Џала Брат и Буба Корели, ова е уште еден важен момент во нивната кариера, со оглед на тоа што нивната музика повторно наоѓа пат до глобална публика.


