in

ВИДЕО Палачинки од шише: Хит рецепт без многу валкани садови

Дали сакате палачинки, но се плашите од валканите садови кои остануваат по подготовката? Решението е во нов рецепт за подготовка на палачинки, кој веднаш стана хит.

Имено, палачинките од шише во моментов се нешто за што многу се зборува на социјалните мрежи, а луѓето кои го пробале овој начин на подготовка се целосно воодушевени, пишува krstarica.com.

Ви треба:

пластично шише од 1,5л

2 јајца

10 лажици брашно

3 лажици шеќер

прстофат сол

3 лажици масло

600 мл млеко

малку кисела вода

Подготовка:
Ставете ја инката на шишето и прелијте ги сите состојки. Започнете со сувите состојки, а потоа продолжете со течноста. Потоа добро затворете го шишето и протресете го, загрејте ја тавата, па почнете да правите палачинки од шишето на вообичаен начин.

Не само што дозирањето ќе биде многу полесно, туку смесата ќе можете да ја чувате во шише во фрижидер, пишува krastarica.com.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Девојка има повеќе од 100 различни алергии: Само 13 намирници на менито

Хороскопски егоцентрици: Луѓето родени во овие три знаци мислат дека се центарот на светот