in

ВИДЕО Принцот Хари зборуваше за губењето на мајка си: „Немав поддршка од семејството“

Принцот Хари зборуваше за својата болка при раната загуба на неговата мајка Дијана и ги повика децата и младите да зборуваат за својата тага бидејќи тоа ќе им олесни.

Scotty’s Little Soldiers е британска добротворна организација која ги поддржува децата чии родители починале додека служеле во вооружените сили, а принцот Хари стана нивен амбасадор.

Тој ги изненади децата на возраст од 6 до 22 години кога се приклучи на нивниот настан и помина време разговарајќи и играјќи со нив и поддржувајќи ги.

„Не сум зборувал за губење на мајка ми повеќе од десет години. Мислев, која е поентата да зборувам за нешто што не можеш да го промениш? Грешев, зборувајќи за тоа ми го промени животот“, рече тој за да ги охрабри младите да зборуваат за загубата на нивните родители.

Принцот зборувал и за тоа како му недостигала семејната поддршка по смртта на неговата мајка. Поради ова се затворил во себе, а по неколку години решил да побара помош од психолог.

„Најтешката работа, особено за децата, е што не сакаат да зборуваат за тоа бидејќи тоа ќе ги растажи, но штом ќе сфатат дека ако зборуваат за тоа, го слават својот живот, тогаш работите стануваат полесни.“, рече принцот Хари.

Додаде дека не зборувањето за тоа можеби изгледа како најдобра форма за справување, но не е.

„Не може вечно да се потисне бидејќи ќе почне да ја јаде внатрешноста“, заклучил принцот.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Овошје кое значително ги намалува триглицеридите и холестеролот

Во овие два знака се раѓаат мистериозни мажи кои речиси е невозможно да се прочитаат