in

ВИДЕО: Роберт де Ниро го прослави својот 81 роденден со скок во морето

Актерот Роберт Де Ниро вчера на посебен начин го прослави својот 81 роденден. Тој скокна од јахта на главата и покажа дека годините не му претставуваат голем проблем. Неговата ќерка Дрена Де Ниро го сподели видеото на Инстаграм.

Дрена по повод роденденот објави и неколку фотографии. Некои го прикажуваат како скока во морето, додека други го прикажуваат Де Ниро во младоста. „Среќен роденден на најдобриот актер на светот“, „Тој е најсилен, честитки“, Пресладок си“, се само дел од коментарите под видеото.

На 79 години повторно стана татко

Инаку, Де Ниро на 79 години го дочека седмото дете со 35 години помладата партнерка Тифани Чен. Актерот еднаш изјави дека ужива да биде татко, но дека искуството е поинакво од она на неговите постари деца и внуци. „Сè е различно. Не зборувам со возрасни деца како што зборувам со моето бебе или со 11-годишно девојче, иако таа е прилично паметна“, рече тој.

Де Ниро и Чен се запознале за време на снимањето на комедијата „Приправник“ од 2015 година, во која Чен глумела инструкторка по Таи Чи. Тие официјално се во врска од 2021 година.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Ивана Кнол ја скрши ногата, сподели фотографии на Инстаграм ФОТО

Фановите се збогуваат со Ален Делон: Цвеќиња и почит како одраз на огромна празнина