Ѕвездата на Реал Мадрид, Винисиус Жуниор, откри дека неизвесноста околу неговата иднина и интересот од други европски клубови имале негативно влијание врз неговите настапи и концентрацијата на теренот.
Бразилецот призна дека минатото лето бил под силен притисок поради гласините за трансфер, што дополнително му ја отежнало ситуацијата во мадридскиот клуб. Според него, бројните понуди и интересот од други клубови го преоптовариле, а и проблемите во Реал Мадрид се одразиле врз неговата форма.
Винисиус зборуваше и за разочарувањето по елиминацијата на Бразил од Светското првенство, по што решил да поминува повеќе време со семејството, да одмора и да го намали интензитетот на тренинзите. Тој смета дека токму недоволната физичка подготвеност можеби била една од причините за послабиот почеток на сезоната.
И покрај шпекулациите за неговото заминување, Бразилецот потпиша нов шестгодишен договор со Реал Мадрид, кој ќе трае до 2032 година. Сега неговата цел е повторно да ја врати препознатливата форма и да му помогне на тимот во продолжението од сезоната.


