Музичарот Владимир Четкар го објави новиот спот за песната „Охрид“, во кој ја пренесува својата љубов кон родниот град. Видеото денес, на 14 октомври, беше објавено на YouTube, а песната е негово авторско дело. Четкар самиот ги потпишува музиката, аранжманот и текстот.

