in

Втора жртва на западнонилската треска во Македонија: Почина 72-годишен скопјанец, пет пациенти на механичка вентилација

Западнонилската треска однесе уште една жртва во Македонија за само една недела. На Инфективната клиника во Скопје, почина 72-годишен скопјанец, кај кого лабораториски беше потврдена инфекција со вирусот на Западен Нил.

Директорот на Инфективната клиника, Фадил Цана, потврди дека пациентот беше примljen во тешка општа состојба со изразени невролошки симптоми. Неговото здравје се влошуваше поради тешката клиничка слика на менингоенцефалитис, односно воспаление на мозокот и неговите обвивки. И покрај интензивното лекување, состојбата не се подобри.

На Инфективната клиника, состојбата продолжува да биде сериозна. Вкупно 24 пациенти се хоспитализирани, од кои кај 19 е потврдена инфекција со вирусот. Седум од пациентите се во потешка здравствена состојба и се под интензивен медицински надзор, додека пет од нив се на механичка вентилација. Останатите пациенти се на Одделот за невроинфекции и се во стабилна состојба.

Ова е вториот смртен случај во Македонија од западнонилска треска во краток период. Претходно, почина и 83-годишен пациент со слична медицинска история.

Западнонилскиот вирус се пренесува најчесто преку убод од заразен комарец. Иако мнозинството случаи поминуваат без симптоми, мал број пациенти може да развијат тешка форма на болеста, која влијае на мозокот и неговите обвивки. Ризикот е поголем кај постарите лица и оние со одредени здравствени проблеми.

Симптомите вклучуваат висока температура, главоболка, слабост, мускулни и зглобни болки, а во потешките случаи и невролошки нарушувања. Превенцијата е клучна, бидејќи за оваа болест не постои специфична антивирусна терапија. Здравствените власти препорачуваат заштита од убоди од комарци, особено во периоди на интензивна активност.

Здравствените служби продолжуваат да ја следат состојбата на хоспитализираните пациенти, особено на оние со потешка клиничка слика.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Силен земјотрес од 7,7 степени ја погоди Индонезија: Најмалку 20 жртви и тешко страдање

Инстаграм го обнови логото по 10 години, но реакциите се различни