in

За да избегнеме недостаток на витамин Д, оваа храна треба да ја јадеме секој ден

Недостигот на витамин Д доведува до бројни проблеми со нашето здравје, од кои некои се чести настинки и воспаленија, замор, исцрпеност, болки во коските и грбот, депресија, бавно зараснување на раните, губење на густината на коските, но и косата. Според The ​​Healthy, постои една храна која е богата со витамин Д, а тоа е јајцето.

Нутриционистите откриваат дека јајцата се еден од најдобрите извори на овој витамин. Според Министерството за земјоделство на САД, едно големо јајце содржи околу 11 отсто од нашата дневна вредност. Тоа би значело дека матените јајца за појадок од само две јајца содржат дури 22 отсто од нашите дневни потреби за витамин Д од еден оброк.

Иако сонцето е главен извор на витамин Д, за оние кои не можат да добијат доволно сончева светлина во текот на денот, експертите сугерираат дека диететските извори на овој витамин се неопходни за одржување на добро здравје.

На ист начин, експертите препорачуваат да не ја фрламе жолчката, дури и случајно. Иако можеби изгледа како поздрава опција да се јаде само белка од јајце, токму жолчката е богата со хранливи материи кои му се потребни на нашето тело, како што се протеините и споменатиот витамин Д.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Никол Кидман во два еротски филма, а допрва ќе видите кои се нејзините партнери ФОТО

Ова е тајното секси оружје на вашиот хороскопски знак