in

За побрз раст и негувана коса: Направете сами маска за реставрација на косата

Зголеменото опаѓање на косата е проблем кој може да се појави кај секој од нас на која било возраст.

Навистина, постојат многу причини кои можат да доведат до оваа состојба: наследноста, факторите на околината, стресот, депресијата, бременоста, како и недостаток на витамини.

Пред да нанесете маски против опаѓање на косата, утврдете дали сте алергични на состојките што ги сочинуваат.

Нанесете ја состојката прво на рачниот зглоб за еден час, а потоа измијте. Доколку немате црвенило и чешање, тогаш маската можете да ја нанесете на скалпот.

Маска со јајца и банани

  • 1 зрела банана
  • 1 жолчка од јајце

Зрелата банана убаво изгмечете ја. Измешајте го со жолчката. Добиената маска нанесете ја на скалпот и оставете да отстои најмалку 30 минути. Бананата не се мие добро, затоа измијте ја маската со благ шампон и топла вода.

Маска од кромид

Исечкајте го кромидот во блендер, измешајте со лажица мед. Добиената смеса втријте ја во скалпот. Оставете го да делува 40 минути.

Потоа исплакнете со топла вода и оцет.

  • 1 главица кромид
  • 1 лажица мед

Маска од мед

  • 1 лажица мед
  • 1 лажица коњак
  • 1 жолчка од јајце
  • 1 лажичка рицинусово масло
  • капсули со витамин А и Е

Измешајте мед со рицинусово масло, жолчка од јајце и коњак. Додадете витамини А и Е за најдобар ефект.

Нанесете ја маската на вашата коса.

Покријте ја косата со крпа и почекајте најмалку еден час пред да ја измиете маската. По маската користете благ шампон.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Како брзо и лесно да ја исчистите пеглата, методи и трикови кои ќе ве спасат од неволја

Колку треба да пешачиме за да ги „стопиме“ килограмите?