Во американската држава Тенеси, неверојатен случај привлече внимание кога затвореничката Криста Пајк успеа да преживее обид за погубување, откако добила две дози од смртоносниот лек пентобарбитал.
Пајк требало да биде погубена во затворот „Riverbend Maximum Security Institution“ во Нешвил, поради убиството на 19-годишната Колин Слемер во 1995 година, кога Пајк имала само 18 години. Нејзината егзекуција требаше да биде историска, бидејќи ќе била првата жена погубена во Тенеси по повеќе од 200 години.
Според сведоците, по првата доза, Пајк останала свесна и реагирала. Додека по втората доза, таа и понатаму дишела, а присутните слушнале како ’рчи зад завесата во просторијата за егзекуција.
Откако обидот за егзекуција не успеа, Пајк беше пренесена во медицинска институција. Нема информации за нејзината здравствена состојба, според нејзините адвокати.
Министерството за корекции на Тенеси соопшти дека бил следен утврдениот протокол, кој не предвидува дополнителни постапки по двете дози. Гувернерот на Тенеси, Бил Ли, одлучи за независна истрага за случајот, а планираните егзекуции за оваа година се одложени.
Пајк била осудена за убиството на Слемер, а нејзините адвокати пред егзекуцијата истакнаа дека не биле доволно земени предвид нејзината младост и тешкото детство.
Овој случај отвара сериозни правни прашања во врска со следните чекори по неуспешното погубување.


