СПИЕЊЕТО со вклучена клима може да предизвика тонзилитис, тврди млада Британка која е хоспитализирана во Турција. Лијана Фостер од Лондон на почетокот на овој месец отпатува во Анталија, Турција на семеен одмор. Но, само два дена подоцна, таа се разбудила болна.
Откако забележала бели точки на крајниците, отишла во болница каде и бил дијагностициран тежок тонзилитис, односно воспаление на крајниците.
“Лекарите ми рекоа дека мојата состојба најверојатно е предизвикана од мувлосаниот воздух од клима уредот во собата. Се чувствував навистина лошо, не можев да јадам ниту да пијам. Мислев дека повторно имам корона”, вели Фостер.
Откако три дена примаше инјекции два пати на ден, нејзината состојба се подобри.
Крајниците се групи на ткиво во задниот дел на устата и се дел од првата линија на одбрана на имунолошкиот систем од бактерии и вируси кои влегуваат низ устата. Самиот тонзилитис не е заразен, но инфекциите што го предизвикуваат се. Во повеќето случаи, тоа поминува самостојно или со краток курс на антибиотици, но за повторливи или тешки случаи, се препорачува операција за отстранување на крајниците.
GIPHY App Key not set. Please check settings