Јелена Карлеуша и Душко Тошиќ в неделата заедно одржаа прослава по повод родендените на нивните ќерки, Атина и Ника. На оваа вечер која беше исполнета со музика, емоции и семејни моменти, еден детал привлече посебно внимание.
Душко наеднаш го зеде микрофонот и ја изведе песната „Шта ће ти певачица“, додека Јелена беше во негова близина. Снимката веднаш се прошири на социјалните мрежи, предизвикувајќи бројни реакции и шпекулации.
Интересот нагло порасна поради текстот на песната, особено откако Душко изрече емотивни зборови кон Јелена. Многу се запрашаа дали неговиот избор на песна е случаен или има длабока порака.
Дел од јавноста побара објаснување и од самата Јелена, која со насмевка потврди дека и самата не знае зошто Душко ѝ ја посвети токму таа песна. Според нее, се беше во ред, но не успеа да најде логика зад неговиот избор.
„Да, и тато ја пееше неговата омилена песна „Шта ће ти певачица“. Сè беше супер. Не знам зошто ми ја посвети токму таа песна“, изјави Јелена смејќи се.
Нејзиниот коментар само ја засили љубопитноста на јавноста, особено затоа што двојката за време на прославата делуваше опуштено, заедно играјќи и пеејќи. Душко исто така се заблагодари на Јелена за двете ќерки, што предизвика дополнителни реакции за нивниот однос.
Кога се надоврзаа и стиховите со провокативна тема, шпекулациите за нивната врска се обновија. Дали беше шега или Душко преку песната сакаше да испрати порака – тоа останува нејасно, познато само на нив.


