Водителката Јована Јеремиќ неодамна во својата емисија ги угости колегите Милан Милошевиќ, кој го води реалното шоу „Елита“ и Божа Добриша, водител на ТВ Пинк од Црна Гора.
За време на разговорот во Утринската програма, таа и поставила неколку непријатни прашања на својот црногорски колега, кој претходно јавно зборувал за неа не толку убави работи.
- Зошто не ме сакаше, зошто ме озборуваше и зборуваше лоши работи за мене? Зошто никогаш не сте ме угостиле на ниту една јахта – праша Јована.
- Затоа што не сакаш да правиш што сакаат на тие јахти. Сакаш да бидеш Северина, да имаш илјада кретени до тебе кои покрај сопругите би сакале нешто на страна на час? – рече тогаш Божо.
- Не сакам – се согласи Јована.
Да потсетиме, Божо пред да се појави во емисијата на Јована во интервју за „Амиџи шоу“ изјави:
- Кога Јована доби стан за пет дена, тогаш можам и јас. И јас се жртвував, но не се преправав!



GIPHY App Key not set. Please check settings