in

ЗОШТО ТРЕБА ДА ОБРНЕМЕ ВНИМАНИЕ КОЛКУ СПИЕМЕ? Премногу сон може да го ослаби срцето

Дали знаевте дека предолгото спиење е исто толку лошо како и неспиењето, а можеби уште полошо? Резултатите од студијата на американските кардиолози покажаа дека е важно да се знае дека должината на спиењето на луѓето им треба се менува со возраста.

Додека на возрасните им се препорачува да спијат седум до осум часа дневно, на младите им се потребни меѓу седум и девет часа.

Како што предупредуваат лекарите што е над или под таа бројка го зголемува ризикот од срцев удар.

Како што покажаа резултатите, кај оние кои спијат подолго од препорачаните девет часа тој ризик се зголемува за 34 отсто, додека кај луѓето кои спијат помалку од шест часа дневно има 20 отсто поголем ризик од срцев удар.

Селин Ветер, коавтор на студијата, со помош на нејзините колеги, го спореди ризикот од срцеви заболувања кај возрасните на возраст од 40 до 69 години кои спиеле помеѓу четири и единаесет часа.

Покажа дека ризикот од срцеви заболувања се зголемува кај оние кои спиеле помеѓу четири и пет часа, како и кај оние кои спиеле помеѓу десет и единаесет часа навечер.

Губење на концентрација, депресија…

– Со оваа навика тие се претежно дебели или имаат тенденција да се здебелуваат, а повеќе од 50 отсто од возрасните имаат и дијабетес – додаде д-р Ирвин.

И покрај ова истражување, ниту самите научници не разбираат зошто премногу сон влијае на ризикот од срцев удар, но д-р Ветер смета дека предолгото спиење може да биде еден од раните симптоми на здравствен проблем.

Затоа на секој преглед лекарите треба да им поставуваат прашања на пациентите за спиењето, за да се утврди кој од нив има зголемен ризик од кардиоваскуларни заболувања, а многу веројатно и од депресивни состојби – објасни д-р Ветер.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

НЕВЕРОЈАТНО ОТКРИТИЕ! Научниците пронајдоа НОВА ПЛАНЕТА која е целосно покриена со ВОДА, а е ПОГОЛЕМА од Земјата?! (ФОТО)

Родителите на тинејџерите никогаш не се доволно подготвени за овие работи