Креативниот директор на најпопуларната секс апликација ги откри петте омилени фетиши на луѓето.
„TapDat“ е бесплатна апликација за сексуална врска која има за цел да ги урне табуата на темите за интимните односи , сексуалното здравје и отворената дискусија за оргазмот. Има многу работи кои ги „палат“ луѓето и велат дека вкусовите не се за дебата, но кои фетиши се навистина омилени?
Креативната директорка на апликацијата, Алис Лиш, откри некои од најпопуларните секс игри со кои самците најмногу сакаат да експериментираат. Таа истакна дека е многу важно отворено да се разговара за овие работи, за луѓето подобро да се информираат за сексуалното здравје.
Директорката објави на што луѓето најмногу се препуштале, а ова се петте најпопуларни фетиши:
- фетиши на нозете
- ропство и дисциплина, доминација и потчинување, садизам и мазохизам
- температурна игра – форма на сензуална игра во која предметите се користат за стимулирање на топлина или студ
- долна облека
- игра на улоги – да глуми или изведува лик
Според креативната директорка, тајната на добриот секс лежи во задоволството, а луѓето треба да бидат искрени еден со друг за да видат што сакаат.
„Толку многу задоволство се заснова на искрен и директен разговор за допаѓањата, потребите и она што сакаме да го пробаме. Ако не зборувате на овие теми, веројатно не уживате во возбудлив секс. Разговорот за нашите возбудувања ни овозможува да се поврземе со нашите сексуални партнери“, рече креативната директорка на апликацијата.



GIPHY App Key not set. Please check settings