in

ТИРАМИСУ ТОПКИ! Совршенство на вкус! (ВИДЕО)

Тирамису е исклучителен деликатес кој можете да го послужите во чаши, но ве советуваме да пробате и топчиња со овој вкус.

Состојките кои се потребни за да се направи овој хит десерт се исти како оние за подготовка на класичното тирамису по добро познат рецепт , но самиот процес на подготовка е двојно поедноставен.

Состојки:

15 бисквити
150 гр крем сирење
1/4 шолја сварено кафе
1 лажица шеќер во прав
2 лажици какао во прав
100 гр нутела

Подготовка:

Скршете ги колачињата што помали, па прелијте ги со кафе и убаво измешајте. Во посебен сад измешајте го сирењето со шеќерот во прав. Додадете ја смесата во распарчените колачиња и изматете со миксер. Оставете ја смесата во фрижидер околу 15 минути. Потоа извадете мала порција од смесата, малку израмнете ја со прстите, ставете една лажица нутела и обликувајте топка. Се валка од сите страни во какао. Повторете ја постапката додека не го потрошите целиот материјал. Топчињата тирамису можете да ги послужите веднаш, а уште поубави се ако седат малку во фрижидер пред консумирање.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

5-те НАЈПОПУЛАРНИ ФЕТИШИ: Резултатите ќе ве изненадат, првото место има УБЕДЛИВА ПОБЕДА

Забрзајте го метаболизмот со само неколку намирници