Во најновото издание на подкастот „Махалски приказни“, гостуваше Мирко Сенковски Џеронимо, кантавтор и уметник. Тој во разговорот со водителот Дино Сарија искрено сподели за своите музички почетоци, создавањето на неговото уметничко име и групата Џеронимо, како и за новото поглавје во неговата кариера.
Посебно внимание привлече моментот кога Џеронимо зборуваше за Hype продукција и Саша Мирковиќ, откривајќи како неговата реакција оставила силен впечаток врз него. Иако двајцата дотогаш не се познавале, тоа не ја намали поддршката што Мирковиќ веднаш му ја понудил.
„Саша на прва рече: „Дајте му на Џеронимо сè што му треба“. Искрено му благодарам. Никогаш не сме седнале заедно, никогаш не сме се запознале лице в лице, но тој веднаш го кажа тоа и за тоа му сум многу благодарен. Никогаш нема да го заборавам“, изјави Џеронимо.
Овој гест за него значел многу повеќе од обичен деловен потег; се работело за човечка подадена рака во време кога таква поддршка била особено важна.
Но, соработката тука не завршува. Џеронимо со задоволство најави нови проекти со Hype продукција.
„Ми е понудено да работам на серијата и филмот „Менаџер“, како и на серијата „Кафана на Балкану“, рече уметникот.
Неговиот став покажува дека зад големите проекти понекогаш се крие нешто многу поедноставно и повредно – доверба и безусловна поддршка која не се заборава.


