in

22-годишен работник загина при пад од 10 метри од Колосеумот

Трагичен инцидент се случи во римскиот Колосеум, каде 22-годишен техничар го загуби животот за време на работни задачи во античкиот амфитеатар.

Според наведените информации, младиот работник паднал од височина од околу десет метри додека работел на инсталирање на нов систем за осветлување. Поради несреќата, дел од Колосеумот е привремено затворен за посетители.

Италијанскиот министер за култура, Алесандро Џули, изрази длабока жалост поради трагичниот настан, опишувајќи го како шокантен и потресен.

Од Археолошкиот парк Колосеум соопштија дека, поради несреќата и во знак на почит кон загинатиот работник, дел од второто ниво на објектот ќе биде затворен.

Несреќата предизвика реакции и од синдикатите, при што CGIL побара Колосеумот да биде целосно затворен за посетители во текот на денот, а не само делумно.

„Човечкиот живот е поважен од туристите“, изјави Натале ди Кола, генерален секретар на римскиот огранок на CGIL, кој побара надлежните да ги расветлат околностите на несреќата.

Колосеумот, изграден пред речиси 2.000 години, е еден од најзначајните антички споменици во Рим и е измеѓу најпосетуваните туристички атракции во Италија.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Иван Наумовски споделува силна порака по завршувањето на летото