Тројца жители на Кочани се уапсени откако полицијата, при претрес на дом во градот, открила предмети поврзани со недозволена трговија со дрога.
На 22 септември 2026 година, околу 21:00 часот, полициските службеници од ОВР Кочани ги приведоа 30-годишните С.Д. и Р.К., како и 24-годишната Д.А., сите од Кочани.
Претресот е извршен по судска наредба на Основниот суд во Кочани, во домот на С.Д., каде што биле присутни и другите две лица.
За време на притресот, пронајдени и одземени се кафеава прашкаста матерја, марихуана, бела прашкаста материја, дигитални ваги, како и пари во различни номинални вредности.
Тројцата уапсени се задржани во полициската станица, а по комплетирањето на истрагата, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.


