Во последната епизода на Фејм Код, објавена во неделата, гостуваше лиценцирана психотерапевтка и хипнотерапевтка Данче Пауновска, која имаше искрен и отворен разговор за важни теми поврзани со психологијата и менталното здравје.
Разговорот се фокусираше на голем број прашања кои се однесуваат на секојдневниот живот и на начинот на кој ги формираме нашите ставови, односи и поглед на светот. Пауновска зборуваше за влијанието на детството и родителите на развојот на личноста, како и за искуствата од најраните години кои можат да имаат траен ефект на подоцнежниот живот.
Тема на разговорот беше и манифестацијата, како и моќта на мислите и начинот на кој пристапуваме кон постигнувањето на нашите цели. Исто така, беа разгледани различни аспекти од психологијата кои често ги среќаваме во секојдневието.
Оваа емисија отвора значајни прашања за личниот развој, емоциите и односите со најблиските, како и за влијанието на минатото врз актуелното однесување.
Ако не сте ја погледнале последната епизода на Фејм Код, можете да ја најдете на официјалниот ЈуТјуб канал на Хајп Македонија, каде ќе откриете теми за кои и вие можеби често размислувате.


