Ламин Јамал повторно ги привлекува погледите, овој пат со својот моден избор, а не со фудбалските вештини. Младата ѕвезда на Барселона и шпанската репрезентација на последната објава на Инстаграм покажа раскошен стајлинг, во кој се истакнаа две Chanel чанти – една во розова и една во жолта боја.
Јамал неодамна пристигна во тренинг-кампот на шпанската репрезентација во Лас Розас, каде што неговиот изглед веднаш ги привлече новинарите и јавноста. Особено внимание привлече иновативниот начин на кој ги комбинирал двете чанти, следејќи го трендот познат како „double-bagging“.
Розовата чанта е модел Chanel Classic Flap, изработен од розова јагнешка кожа, а нејзината цена се проценува на меѓу 7.000 и 8.200 долари, во зависност од верзијата. До неа Јамал носел и мала жолта Chanel чанта, а медиумите оценуваат дека вкупната вредност на двата модни додатоци изнесува околу 13.000 евра.
Фудбалерот не се плаши да експериментира со модните комбинации, а неговата љубов кон луксузниот бренд не е ништо ново. Vogue неодамна го истакна Јамал меѓу фудбалерите на Светското првенство 2026 година кои привлекоа внимание со своите чанти, споменувајќи го и неговиот Chanel модел од колекцијата Métiers d’Art 2026.
Така, комбинацијата од розова и жолта Chanel чанта стана уште еден впечатлив моден момент за младата ѕвезда, а сумата од околу 13.000 евра за двете чанти дефинитивно не помина незабележано.


