in

Вулканот Етна на Сицилија повторно активен, исфрла пепел до 4 километри, авијацијата во тревога!

Вулканот Етна на Сицилија покажа зголемена активност, откако денеска од неговите кратери започна емисија на вулкански пепел.

Според италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија (INGV), на 24 септември во 05:19 часот по UTC регистрирана е ерупција со континуирана емисија на пепел. Поради оваа активност, кодот за опасност за авијацијата е зголемен на црвено – највисоко ниво.

Облакот од пепел се движи кон југоисток, а податоците од вулканолошките и метеоролошките центри покажуваат дека е видлив и на сателитските снимки. Според најновите информации, пепелот достигнува височина од околу 4 километри.

И покрај активноста на Етна, аеродромот во Катанија во моментов продолжува да работи без поголеми нарушувања во воздушниот сообраќај. Властите внимателно ја следат ситуацијата и постојат можности за промени ако облакот од пепел се прошири или промени правец.

Етна е еден од најактивните вулкани во Европа и нејзината активност редовно се следи поради потенцијалното влијание на воздушниот сообраќај над Сицилија.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Каролина Гочева раскажа за создавањето на новата песна со Бранислав Николов

Трагично завршува 13-годишно дете прободено во Чаир после три недели борба за живот