Трагична вест доаѓа од Чаир, каде 13-годишното дете, кое пред три недели беше сериозно повредено со остар предмет во физичка пресметка на улицата „Македонско-косовска бригада“, почина.
Детето беше итно пренесено на КАРИЛ во критична состојба на 31 август. На жалост, по три недели интензивна медицинска нега и напори, вчера го загуби животот.
Од КАРИЛ потврдија дека по смртта, телото е предадено на обдукција според процедурата.


