in

Соседскиот спор во Скопје заврши со напад со нож

Во Скопје, конфликтот помеѓу соседи прерасна во физичка пресметка, при што се повредени три лица, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.

Инцидентот се случил на 23 септември околу 23:15 часот, по расправија поврзана со имотно-правен спор. Според податоците доставени до полицијата, 44-годишен скопјанец со иницијали Ј.Ј. влегол во кавга со својот 38-годишен сосед А.Ш., по што употребил остар предмет во нападот.

Во инцидентот повреди добиле А.Ш. и неговата сопруга Ѓ.У., како и нивната сосетка Д.Д., која се обидела да интервенира и да ја прекине расправијата.

Полицијата го привела осомничениот Ј.Ј., а соседот А.Ш. бил повикан во полициска станица за службен разговор. Од МВР информираат дека случајот сè уште се документира и дека ќе следат соодветни мерки по утврдување на околностите.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Марија Микиќ открива како наоѓа релаксација по разводот!

Времето значително се менува – не очекуваат пад на температурите и обилни врнежи