Во Скопје, конфликтот помеѓу соседи прерасна во физичка пресметка, при што се повредени три лица, соопштуваат од Министерството за внатрешни работи.
Инцидентот се случил на 23 септември околу 23:15 часот, по расправија поврзана со имотно-правен спор. Според податоците доставени до полицијата, 44-годишен скопјанец со иницијали Ј.Ј. влегол во кавга со својот 38-годишен сосед А.Ш., по што употребил остар предмет во нападот.
Во инцидентот повреди добиле А.Ш. и неговата сопруга Ѓ.У., како и нивната сосетка Д.Д., која се обидела да интервенира и да ја прекине расправијата.
Полицијата го привела осомничениот Ј.Ј., а соседот А.Ш. бил повикан во полициска станица за службен разговор. Од МВР информираат дека случајот сè уште се документира и дека ќе следат соодветни мерки по утврдување на околностите.


