Денеска ќе имаме претежно облачно и посвежо време, со повремени врнежи од дожд. Според прогнозите на УХМР, дождот ќе продолжи и во текот на ноќта, а врнежи ќе има и утре рано наутро.
На некои места се предвидени интензивни врнежи, при што локално може да наврнат и над 30 литри дожд на квадратен метар. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Утринските температури ќе бидат меѓу 4 и 13 степени, додека максималните дневни температури ќе се движат од 11 до 23 степени.
Во Скопје, исто така, ќе имаме облачно и посвежо време. Врнежи од дожд ќе се очекуваат во попладневните часови и ќе продолжат и во текот на ноќта. Во делови од Скопската Котлина, дождот повремено ќе биде со умерен до засилен интензитет.
Во главниот град ќе дува слаб до умерен ветер со променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 9 степени, додека максималната дневна ќе достигне околу 18 степени.


