По три распродадени концерти и огромниот интерес од љубителите на музиката, Весна Змијанац доаѓа во Скопје со голем концерт во рамките на нејзината турнеја по повод 50 години кариера.
Концертот, кој првично беше планиран за арената „Јане Сандански“, ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ поради зголемениот интерес.
Датумот останува непроменет – 28 ноември, а посетителите кои веќе купиле билети за старата локација не треба да се грижат, бидејќи билетите остануваат важечки за новата локација.
Весна, со пет децении музичка кариера, е позната по бројните хитови кои се дел од културното наследство на генерации.
На овој концерт, посетителите ќе можат да уживаат во спектакуларна музичка вечер исполнета со познати песни и емоции. За оние кои сè уште не купиле билети, продажбата продолжува преку КупиКарта.com.


