in

Терористички напад во Краков: Шест загинати и 15 повредени во пукање!

Во историскиот центар на Краков, Полска, во саботата попладне се случи масовна престрелка со трагични последици. Според извори, шест лица го изгубиле животот, а најмалку 15 се повредени, вклучувајќи двајца полициски службеници.

Инцидентот се случил нешто по 15 часот на Главниот плоштад, кој во тој момент бил исполнет со туристи и локални жители. Напаѓачот, за кој се вели дека пристигнал со црн автомобил „Субару“, почнал да пука кон луѓето и возилата во близина, предизвикувајќи паника и страв меѓу присутните.

Според првичните информации, еден од погодените објекти бил градски автобус, но среќа, возачот и патниците не биле повредени.

По нападот, започнала полициска потера низ улиците на градот, при што напаѓачот бил пресретнат во близина на раскрсницата на улиците Дитла и Страдомска. Во вооружената пресметка, 24-годишниот осомничен бил ранет и пренесен во болница под полициски надзор, каде е пронајдено и дополнително оружје.

Меѓу повредените се и двајца полицајци од акцијата, од кои едниот добил сериозни повреди и потребна му била итна операција.

По инцидентот, на теренот биле испратени бројни полициски, медицински и противпожарни екипи, а слетал и медицински хеликоптер. Граѓаните беа предупредени да не се приближуваат до местото на настанот.

Полскиот премиер Доналд Туск се огласи по трагедијата, изразувајќи благодарност кон полициските службеници за нивната интервенција. Мотивот за нападот сè уште е непознат, а истрагата е во тек.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Џејмс Трафорд открива зошто ја напушти Манчестер Сити

Почина Џеј Рокфелер, наследникот на познатата американска династија!