in

Пијанист од крузер преживеал девет часа во Тихиот Океан, рибари го спасиле кај Калифорнија

Неверојатна приказна за преживување доаѓа од брегот на Калифорнија, каде што двајца рибари спасиле пијанист кој бил дел од екипажот на крузерот „Ovation of the Seas“, откако поминал околу девет часа во водите на Тихиот Океан.

Човекот, чиј идентитет засега не е соопштен, бил забележан од Грант Гарет и Шон Нортон додека во петокот се враќале од риболов во близина на островот Каталина. Капетанот на нивниот брод прв го видел човекот во водата, по што веднаш ја прекинале пловидбата и подготвиле јажиња за спасување.

„Си реков: Тоа е човек во водата. Запрете го чамецот и подгответе ги јажињата“, раскажал Гарет.

Рибарите успеале да го извлечат од морето, а кога се освестил, им кажал дека работи како пијанист на крузерот со 14 палуби. Според Нортон, мажот бил во шок и им се заблагодарил со зборовите: „Мислев дека ќе умрам“.

Службите за спасување проценуваат дека пијанистот паднал од бродот околу 2:30 часот по полноќ, а бил пронајден дури околу девет часа подоцна. Во моментот на спасувањето се наоѓал на околу 15 до 20 милји од брегот, практично среде океанот. Потоа го презела крајбрежната стража и бил пренесен во болница. Американските власти наведуваат дека се очекува да преживее, додека околностите под кои паднал од крузерот сè уште се истражуваат.

Еден од рибарите смета дека невообичаено топлата вода во Тихиот Океан можеби придонела за неговото преживување. Тој посочил дека температурата била околу 24 степени Целзиусови и ја поврзал состојбата со актуелниот силен феномен Ел Нињо.

Од „Ројал Карибијан“ потврдиле дека му даваат поддршка на својот вработен, но поради заштита на неговата приватност не откриваат дополнителни детали.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Мет гала 2027 со нова тема: секојдневната облека станува висока мода

Бака Прасе наводно е приведен, неговиот тим бара информации за неговата состојба