in

Весна Змијанац на 28 ноември ќе одржи голем концерт во арената „Борис Трајковски“ во Скопје

По три распродадени арени и огромниот интерес на публиката, Весна Змијанац доаѓа во Скопје со голем концерт во рамките на нејзината турнеја „Golden Tour – 50 години кариера“.

Иако настапот првично беше најавен во арената „Јане Сандански“, поради големата побарувачка концертот е преместен во арената „Борис Трајковски“.

Датумот останува ист – 28 ноември, а сите што веќе купиле билети за првично најавената локација немаат причина за грижа, бидејќи тие важат и за новото место на одржување.

Весна Змијанац зад себе има пет децении музичка кариера и бројни хитови што со години се дел од репертоарот на повеќе генерации. Настапот во Скопје ќе биде дел од големата турнеја со која пејачката одбележува 50 години на сцената.

За оние што сè уште немаат билет, продажбата продолжува преку Kupikarta.com. На 28 ноември, Скопје очекува вистински музички спектакл – вечер исполнета со познати песни, емоции и големи хитови од богатата кариера на една од најпознатите регионални пејачки.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Весна Змијанац со порака пред концертот во Скопје: „Го сакам Скопје и македонскиот народ“