По три распродадени арени и огромниот интерес од публиката, Весна Змијанац доаѓа во Скопје со голем концерт во рамките на својата турнеја „Golden Tour – 50 години кариера“.
Концертот првично беше најавен во арената „Јане Сандански“, но поради големиот интерес од публиката, настанот ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“.
Датумот останува ист, 28 ноември, а сите што веќе купиле билети за првично најавената локација немаат причина за грижа, бидејќи билетите ќе важат и за концертот во „Борис Трајковски“.
Весна Змијанац зад себе има пет децении музичка кариера и голем број хитови што со години се дел од репертоарот на повеќе генерации. Настапот во Скопје ќе биде дел од нејзината голема турнеја, со која го одбележува 50-годишното присуство на сцената.
За сите што сè уште немаат обезбедено билет, продажбата продолжува преку Kupikarta.com. На 28 ноември Скопје го очекува вистински музички спектакл, вечер исполнета со познати песни, емоции и големи хитови од богатата кариера на една од најпознатите пејачки во регионот.


