Во Кратовско е пријавен сериозен случај на семејно насилство, откако 42-годишна државјанка на Босна и Херцеговина, која живеела во едно од селата во тој регион, пријавила дека нејзиниот 46-годишен вонбрачен партнер физички ја нападнал и ја присилувал на полови дејствија.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, по извршените лекарски прегледи било утврдено дека жената е бремена, а на повеќе места по телото имала и хематоми.
Настанот бил пријавен на 10 ноември во Одделението за внатрешни работи Кратово, преку Националната мрежа против семејно насилство.
Претходно, на 5 ноември, таа веќе пријавила дека трпи малтретирање и во Секторот за внатрешни работи Куманово, по што била упатена во Прифатниот центар за странци во Скопје.
Од МВР соопштуваат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и за утврдување на сите околности.

