in

Бремена жена од Кратовско пријавила дека партнерот ја тепал и ја присилувал на полови дејствија

Во Кратовско е пријавен сериозен случај на семејно насилство, откако 42-годишна државјанка на Босна и Херцеговина, која живеела во едно од селата во тој регион, пријавила дека нејзиниот 46-годишен вонбрачен партнер физички ја нападнал и ја присилувал на полови дејствија.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, по извршените лекарски прегледи било утврдено дека жената е бремена, а на повеќе места по телото имала и хематоми.

Настанот бил пријавен на 10 ноември во Одделението за внатрешни работи Кратово, преку Националната мрежа против семејно насилство.

Претходно, на 5 ноември, таа веќе пријавила дека трпи малтретирање и во Секторот за внатрешни работи Куманово, по што била упатена во Прифатниот центар за странци во Скопје.

Од МВР соопштуваат дека се преземаат соодветни мерки за целосно расчистување на случајот и за утврдување на сите околности.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Клои Кардашијан остро проговори за Ламар Одом и рече дека за неа е „мртов“