Филмската и музичката сцена ја потресе веста дека режисерот Реј Тинтори починал на 43-годишна возраст. Тој беше партнер на актерката и комичарка Хајди Гарднер, која е позната по долгогодишното учество во американското шоу „Saturday Night Live“.
Неговата смрт ја потврдија надлежните медицински служби во Њујорк, но засега не е позната причината. Околностите под кои настапила смртта се предмет на истрага.
Тинтори остави значаен белег во филмот и музиката. Работел како режисер на музички видеоспотови за познати изведувачи и групи, а особено се издвојуваат неговите видеоспотови за песните „Kids“ и „Electric Feel“ на MGMT.
Тој бил и еден од основачите на филмскиот колектив Court 13, кој стои зад филмот „Beasts of the Southern Wild“, номиниран за „Оскар“.
Врската со Хајди Гарднер привлече големо внимание во јавноста во јули 2025 година, кога Тинтори ѝ посвети емотивна објава за роденденот и сподели заеднички фотографии.
Гарднер, која осум сезони беше дел од екипата на „Saturday Night Live“, сè уште не се огласи по трагичната вест. Додека неговите блиски тагуваат, се очекуваат резултатите од истрагата, која треба да ја утврди точната причина за неговата смрт.


