Ивона Јо сподели фотографија од болнички кревет на социјалните мрежи и откри дека имала тешка алергиска реакција по вадењето заби.
До неа на фотографијата е и нејзиниот сопруг, а во објавата таа објасни дека по земањето Кетонал форте добила силен осип по целото тело и почнала да се гуши.
„Вчера, по вадењето заби, испив Кетонал форте и завршив со тешка алергиска реакција, силен осип по целото тело и гушење“, напиша Ивона.
Таа призна дека во моментов се плаши да зема какви било лекови и додаде дека сега ниту косата, ниту изгледот не ѝ се важни.
Ивона им се заблагодари и на медицинските лица за нивната стручност и брза реакција, а особено го пофали персоналот од Итната помош во Свети Николе.
„Благодарност за стручноста и итната реакција на медицинскиот персонал од Итната помош во Свети Николе“, напиша таа.


