in

Адел објави дека паузира од музиката: „Немам планови“

ПЕЈАЧКАТА Адел се повлекува од музиката по завршувањето на музичкото шоу Викенди со Адел во Лас Вегас во ноември оваа година. „Воопшто немам никакви планови за нова музика“, изјави Адел во интервју за германски ZDF.

„Сакам голема пауза“

“Сакам голема пауза после сето ова и мислам дека сакам да се занимавам со други креативни работи некое време. Знаете, воопшто не пеам дома. Колку е тоа чудно?” изјави пејачката.

Инаку, Адел ја започна својата емисија Викендс со Адел во Вегас, поточно во Цезар Палас, во ноември 2022 година, а нејзиниот последен настап е закажан за 23 ноември 2024 година.

„Не сакам да бидам познат“

Адел искрено зборуваше за своето искуство со славата, признавајќи дека и недостига анонимниот живот пред да стане славна. “Не сакам да бидам славна. Сакам да правам музика и ми се допаѓа тоа што луѓето ја прифаќаат, но не ја сакам славата. Ми недостига животот пред славата”, рекла таа.

Да потсетиме, Адел во февруари мораше да одложи десет концерти во Лас Вегас поради здравствени проблеми. „За жал, морам да се смирам и да се одморам од моите концерти во Вегас“, ја започна таа објавата на Инстаграм. Докторот и рекол дека треба да ги одложи концертите, што и го направила.

Што мислите?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

GIPHY App Key not set. Please check settings

Планирате патување во Копенхаген? Градот на туристите им дава бесплатна храна, но со еден услов

Пијаната пејачка ја изведе американската химна пред полн стадион: „Одам на рехабилитација“