in

„Ако го гледате ова видео, значи дека сум мртва“: Последната порака на инфлуенсерката пред смртта

Од Соединетите Американски Држави пристигнува емотивна приказна за инфлуенсерката Кристи Милер, која починала на 60-годишна возраст по четиригодишна борба со рак на дојка во четврти стадиум. Посебно внимание привлекол начинот на кој се збогувала со своите следбеници — со однапред снимено видео, за кое знаела дека ќе биде објавено по нејзината смрт.

„Еј, еј, еј! Јас сум Кристи Милер и ако го гледате ова видео, тоа значи дека сум мртва“, ги изговорила своите последни зборови, појавувајќи се во шарена блуза со качулка.

Во снимката, Кристи зборува и за повторното обединување со сопругот Марк, кој починал во јуни 2025 година од рак на панкреасот. Тие биле во брак 36 години.

„Го преминав превезот. Седам со мојата љубов и со сите мои сакани, чувствувајќи целосно блаженство. Немам никакво каење за тоа како го живеев животот и како ја одиграв својата животна игра“, рекла таа.

Милер во јуни 2022 година открила дека има HER2-позитивен рак на дојка во четврти стадиум. За време на болеста редовно споделувала искуства на социјалните мрежи и собрала повеќе од 50.000 следбеници.

Себеси се нарекувала „Chief Joy Officer“, односно директорка за радост, и иако минувала низ тешки моменти, се трудела да остане позитивна. Често зборувала за тоа како радоста може да се најде и во најмалите нешта, дури и кога животот носи најтешки предизвици.

„Ако ви недостигам, бидете тажни. Нормално е да бидете тажни. Но, бидете и среќни што имавме можност да поминеме време заедно“, порачала таа.

„Излезете и живејте го животот. Соочете се со стравот и направете го она што го сакате. Престанете толку многу да се грижите што мислат другите. Пронаоѓајте радост секој ден“, рекла Кристи.

Видеото било објавено на нејзиниот профил на Инстаграм на 23 ноември, а нејзините блиски соопштиле дека починала мирно, опкружена со љубов. Нејзината последна објава остава силна и емотивна порака: да бидеме среќни, спокојни и благодарни за убавите моменти што ги доживуваме во животот.

What do you think?

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *

Само уште три дена до концертот на Весна Змијанац во Скопје