Таа ја сокри добрата вест од јавноста.
Актерката Џина Родригез стана мајка, а веста во јавноста стигна неодамна кога актерката беше фотографирана во Калифорнија како носи бебе.

Џина доби дете со колегата Џо Локисер, со кој е во брак од 2019 година, а се запознаа во 2017 година кога работеа заедно.
Инаку, Родригез е најпозната по улогата во серијата „Девицата Џејн“, која и’ го донесе прекарот „најпознатата девица на светот“.
За оваа улога таа беше наградена со Златен глобус, а од 2004 година, кога започна нејзината актерска кариера, играше во бројни познати филмови и серии.



GIPHY App Key not set. Please check settings