АМЕРИКАНСКАТА тиктокерка Сара Тонен предизвика многу реакции откако на социјалната мрежа откри што најмногу ја изненади при неодамнешната посета на Европа.
„Ова е културен шок за кој никој не ми кажа. Никаде во Европа не можете да пиете кафе пред 9 часот наутро“, вели Сара во видеото.
Рекла дека се разбудила во 6 часот и 45 минути и сакала да се напие кафе во кафулето на хотелот каде што престојувала, но дека објектот бил затворен.
@sarahtonen Me after this morning: 🇺🇸☕️🦅🫡😭
♬ For movie / picture / action / suspense – G-axis sound music
Тиктокерката со своето видео збуни многу Европејци кои ги интересираше во која земја се наоѓа. Во коментарите секако се јави и Балканот. Ова немаше да и се случи на Балканот“, напишаа тие.
„Не знам во која Европа се наоѓате, но во мојата Европа можете да пиете кафе и пред седум часот наутро“, додаде еден Тиктокер. Многумина и рекоа дека сигурно можела да свари кафе во собата и дека не разбираат зошто воопшто се разбудила толку рано доколку дојде на одмор.



GIPHY App Key not set. Please check settings