Вангелија Димитрова, попозната како Баба Ванѓа, била македонска пророчица за која слушнал цел свет.
Пророштвата на Баба Ванѓа се надалеку познати, а пророчицата била убедена дека одредени работи можат да предизвикаат несреќа во животот.
Ванѓа секогаш ги советуваше луѓето да не се фалат со среќата, да не чуваат пари во џебовите и да не чуваат скршено огледало во куќата.
Фрлете го исеченото огледало и чиниите
Секогаш јадете и пијте од цели и недопрени чинии и чаши за да ја задржите добрата енергија и среќата во вашиот дом.
Не чувајте скршено или испукано огледало во куќата. Тоа ви ја краде среќата. Тој предмет нема место во вашиот дом.
Чувајте пари само во вашиот паричник
Носете пари во паричникот – никогаш не стуткани во џебовите. Тоа ќе ви помогне да постигнете просперитет.
За да спречите среќата и просперитетот да го напуштат вашиот дом, ставете неколку парички во осамено ќоше, пренесува Стил.
Не се фалете со вашата среќа и хранете ги птиците
Подарете им ги корите леб и трошките што останале од ручекот или вечерата на птиците – така среќата ќе влезе во вашиот дом.
Никогаш не се фалете со својата среќа, а особено не правете го тоа пред странец. Нивната љубомора може да ви наштети на вашиот живот.