Десерт од неколку состојки, се прави брзо, а вкусот му е фантастичен.
Состојки:
3 лажици нес кафе
1 чаша вода
200 гр крем сирење
40 гр пудинг со вкус на карамела или ванила
1 чаша млеко
1 кутија бисквити
Подготовка:
Во садот истурете инстант кафе и прелијте го со топла вода, па добро измешајте за да нема грутчиња. Во друг сад изматете го со миксер несоленото благо крем сирење, па додајте го пудингот и продолжете со матење. Истурете го кафето и сè убаво измешајте со миксер.
Потопете го бисквитот во млеко и наредете го во сад, прелијте го со филот, повторно бисквитот и потоа распоредете го додека не го искористите целиот материјал. Последната линија треба да се пополни. По желба посипете со кафе и ставете во фрижидер 2 часа.



GIPHY App Key not set. Please check settings